повторно без договор

ОН во ќорсокак: Kој ќе го наследи Гутереш?

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Советот за безбедност на ОН останува во ќорсокак околу тоа кој треба да го наследи генералниот секретар Антонио Гутереш откако деветтото прелиминарно гласање не донесе консензус, јави ДПА.

Постојаниот претставник на САД во ОН, Мајк Валц, го објави резултатот од гласањето зад затворени врати во Њујорк и со шест недели преостанати од мандатот на Гутереш, недостатигот од договор ризикува да ги остави ОН без нов генерален секретар по неговото заминување, што дополнително би го зголемило притисокот врз организацијата.

Ниту еден од осумте кандидати не успеа да ја обезбеди потребната поддршка. За да биде одобрен, кандидатот мора да добие најмалку девет гласови во 15-члениот Совет за безбедност и да не биде блокиран со вето од ниту една од неговите пет постојани членки.

Во последните месеци, кандидатите работеа на обезбедување поддршка, фокусирајќи се на петте земји со право на вето – САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција. Валц рече дека останува оптимист и очекува Советот за безбедност да постигне договор во декември.

Најнови вести