Земјотрес од 6,8 степени по Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Перу, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки.
Епицентарот на потресот, кој бил почувствуван и во главниот град Лима, бил во андскиот регион Хунин, на длабочина од 129 километри. Едно лице е повредено во центарот на градот. Во населбата Мирафлорес, камења се одрониле од карпите долж крајбрежниот појас Коста Верде.
Во Сан Педро де Кахас се пријавени оштетувања на најмалку 20 домови. Одрони имало и на патот што ги поврзува Тарма и Сан Рамон, каде што сообраќајот бил ограничен.