87 годишен скопјанец возел во спротивен правец: Полицијата го уапси и му го зема возилото (ВИДЕО)

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Лишен од слобода возачот кој управуваше возило во спротивен правец во Скопје

Денеска (21.11.2026) од страна на ПС ОН Карпош при СВР Скопје преземени се мерки и активности во врска со објаваено видео на социјалните мрежи на кое се гледа како едно лице управува патничко возило по бул.”Партизански Одреди” во спротивен правец. При тоа утврдено е дека лицето е И.Г.(87) од Скопје. И.Г. е лишен од слобода по член 297 а став 1 од Кривичниот законик.
Во просториите на ПС ОН Карпош извршен е разговор со лицето и во консултација со јавен обвинител ќе биде поднесена кривична пријава.
Возилото привремено е одземено за понатамошна постапка.

Најнови вести