Сто килограми кокаин во пратка со рози нa аеродромот во Атина

Акцијата била спроведена по информации добиени од атинската канцеларија на американската Агенција за борба против дрогата (ДЕА).

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Сто килограми кокаин се откриени во пратка со рози од Колумбија на меѓународниот аеродром во Атина. Уапсени се шест лица, од кои повеќето се албански државјани.

Четворица од осомничените биле уапсени на аеродромот, каде што, наводно, се подготвувале да ја преземат дрогата.

Другите двајца биле лишени од слобода во област, североисточно од Атина, каде што властите веруваат дека кокаинот требало да биде складиран.

Најнови вести