Уште една убава вест од Доктор Владимир Чадиковски.
Денес успешно извршивме сложена кардиохируршка интервенција кај предвреме родено бебе, во 28. гестациска недела, со вродена срцева мана и телесна тежина од само 980 грама, соопшти на социјалните мрежи.
Браво за целиот тим за посветеноста и професионалноста, а особено и за семејството за огромната доверба, сила и поддршка.
Следуваат внимателно следење и важни денови на опоравување. Се надеваме на добар тек и брзо закрепнување, пишува Чадиковски.