Едно лице загина во сообраќајка на патот Гостивар – Стража

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Синоќа во 22 часот и 55 минути е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар–Стража, околу 500 метри од угостителски објект, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патнички моторни возила „голф“ со гостиварски и со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата, од страна на лекар од Итна медицинска помош на лице место е констатирана смрт кај возачот на едно од возилата, додека останатите три лица се пренесени во Медицинскиот центар во Гостивар каде им се констатирани телесни повреди.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар.

Најнови вести