Центарот за управување со кризи соопшти дека заклучно со 8 часот во државата регистрирани се 21 пожар и сите се изгаснати, нема активни ниту пожари кои се под контрола.
Дождот им помогна на противпожарните екипи во справувањето со огнената стихија. Според информациите од УХМР вчера нестабилно време зафати поголем дел од земјава, особено делови од западна Македонија, каде се регистрирани врнежи од дожд, засилен ветер и појава на ретки грмежи.
Врнежи имаше и во Дебарскиот и Тетовскиот регион, а нестабилно време имаше и во исток на Македонија.