Временска прогноза

МЕТЕОАЛАРМ: Температури до 25 степени и силен ветер- УХМР со нова прогноза

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h).

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Денес температури ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h).

Во наредните денови под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.

Најнови вести