Дрон погоди воз, Џонсон штотуку поминал

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Руски дрон погодил воз во близина до границата на Украина и Полска, кратко откако низ истото подрачје поминале поранешниот британски премиер Борис Џонсон и високи европски безбедносни претставници.

Во нападот кај Јаходин бил погоден моторот на возот, но нема жртви. Сите патници биле евакуирани.

Џонсон и други европски советници за национална безбедност, меѓу кои и британскиот Џонатан Пауел, претходно поминале по истата железничка линија со друг воз, враќајќи се од конференција во Киев.

Русија соопшти дека цел била железничката инфраструктура во западна Украина, но украинската железница „Укрзализница“ наведе дека е можно целта на дронот да бил токму дипломатскиот воз.

Патниците биле евакуирани само 15 минути пред ударот, поради заканата од руски напади.

Најнови вести