Поранешниот водач на Ослободителната војска на Косово, Хашим Тачи, доби затворска казна од 25 години – реши судот во Хаг. Специјализираните судски совети го прогласија за виновен по четири точки за воени злосторства.
Судот пресуди дека Тачи имал клучна улога во спроведувањето на криминален план преку противправни апсења, сурово постапување, тортура и убиства, притоа свесно градејќи команден систем за контрола и елиминација на политичките противници.
Неговите соработници, Јакуп Красниќи е осуден на затворска казна во траење од 25 години, Кадри Весељи доби 18 години затвор, а Реџеп Сељими 13 години.