„Друга мама” е новиот американски натприроден психолошки хорор филм, продуциран од Џејмс Ван, режиран од Роб Севиџ, по сценаријо на Нејтан Елстон. Филмот е базиран на романот „Инциденти околу куќата“ од Џош Малерман од 2024 година.
„Друга мама” откако беше одложен да биде емитуван на големото платно, официјално е закажан за на 9 октомври.
На големото платно ќе ги видиме Џесика Честејн како мајка која мора да направи сè за да ја заштити својата ќерка од натприродно суштество кое личи на неа.
Во својата двојна улога, Честејн беспрекорно се префрла помеѓу своите две личности, додека остатокот од семејството се бори да следи кој е кој.
Џеј Дуплас, Арабела Оливија Кларк, Дичен Лакман, Аријан Моајед и Карен Ален, исто така се дел од актерскиот тим.
Критичарите велат дека овој психолошки хорор веројатно е еден од поморничавите филмови годинава.