Организацијата на ветерани од поранешната ослободителна војска на Косово за денеска најави национален протест. Според нив, пресудата на Хаг го намалува значењето на нивната борба за слобода. Најавија создавање координативен совет и платформа што ќе ги вклучи и албанците кои живеат надвор од границите на Косово.
Меѓународната заедница апелира да се избегнува реторика што би поттикнувала тензии. САД, ЕУ и Велика Британија повикаа да се почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд.
Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи и тројцата поранешни команданти на ОВК беа прогласени за виновни за незаконско затворање, тортура, сурово постапување и убиства извршени во текот и непосредно по војната во Косово во 1998 и 1999 година.
Хашим Тачи, доби затворска казна од 25 години, Јакуп Красники исто така е осуден на затворска казна во траење од 25 години, Кадри Весељи доби 18 години, а Реџеп Сељими 13 години затворска казна.