13 Октомври – Светски ден без градник: Потсетник за женското здравје

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

13 октомври, секоја година се одбележува како Светски ден без градник (No Bra Day), во рамки на месецот за подигање на свеста за борба против ракот на дојка.

Светскиот ден без градник за првпат е одбележан на 9 јули 2011 година. Настанот почна како кампања на социјалните мрежи за подигнување на свеста за ракот на дојката. Првите три години се одбележуваше во јули, но подоцна датумот беше преместен и денес официјално се одбележува секоја година на 13 октомври, што се совпаѓа со Месецот за борба против ракот на дојката. Движењето почнува со две паралелни иницијативи: медицинската кампања „BRA Day” (Breast Reconstruction Awareness) иницирана од пластични хирурзи со цел да се едуцираат жените за опциите за реконструкција на дојката по мастектомија, и граѓанското движење
на социјалните мрежи под хаштагот #NoBraDay.

Иако на прв поглед за многумина ова изгледа како симболичен или необичен гест, зад него стои суштинска и важна цел:

Едукација и рано откривање: Потсетување за важноста од редовни самопрегледи и контролни мамографски прегледи.

Поддршка и солидарност: Гест на поддршка за сите жени кои се борат со ракот на дојка, како и оние кои минале низ мастектомија и се соочуваат со промените на сопственото тело.

Слобода и избор: Денот ја потенцира удобноста, прифаќањето на телото и ослободување од општествените притисоци.

Светскиот ден на градникот потсетува: ослободи се од градникот доколку тоа ти дава чувство на слобода, но најважно од сè — закажи го твојот контролен преглед. Потсети ги твојата мајка, сестра, сопруга или пријателка да го направат истото. Затоа што грижата за себе е највисокиот облик на љубов

Карциномот на дојка е најчестото малигно заболување кај женската популација, но статистиката испраќа и една надежна порака — раното откривање значи излекување во над 90% од случаите.

Најнови вести