Носителот на листата и прв на листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“, Александар Вучиќ, пристигна во раните утрински часови пред избирачкото место на кое ќе гласа.
Вучиќ гласа на избирачкото место број 140, во зградата на детската градинка „Тесла – наука за живот“.
Вучиќ чека во ред за гласање, бидејќи на избирачкото место на кое го остварува своето право на глас има голема гужва.
Да потсетиме, денеска во Србија се одржуваат предвремени парламентарни избори, а избирачките места се отворени од 7 до 20 часот.
Право на глас на изборите во Србија имаат 6.451.292 избирачи, а ќе се гласа на 8.392 избирачки места.