Д-р Владимир Чадиковски: Успешно извршивме сложена кардиохируршка интервенција кај бебе тешко 980 грама

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Уште една убава вест од Доктор Владимир Чадиковски.

Денес успешно извршивме сложена кардиохируршка интервенција кај предвреме родено бебе, во 28. гестациска недела, со вродена срцева мана и телесна тежина од само 980 грама, соопшти на социјалните мрежи.

Браво за целиот тим за посветеноста и професионалноста, а особено и за семејството за огромната доверба, сила и поддршка.
Следуваат внимателно следење и важни денови на опоравување. Се надеваме на добар тек и брзо закрепнување, пишува  Чадиковски.

Најнови вести