Драмски театар

КУПЕТЕ СИ КАРТИ НА ВРЕМЕ: Најголемите театарски ѕвезди од регионот гостуваат на фестивалот РУТА

Македонската публика ќе има можност да проследи шест репрезентативни претстави на театрите од регионот.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Драмскиот театар Скопје од 26 до 31 октомври ќе биде домаќин на петтото издание на меѓународниот театарскиот фестивал „Рута”. Македонската публика ќе има можност да проследи шест претстави на театрите од регионот.

„Рута” стартува на 26 октомври, во 20:00 часот, со претставата „Црно злато на Београдско драмско позориште, во режија на Оливер Фрљиќ, по текст на Дејан Дуковски.

Во фестивалската програма ќе играат претстави и копродукции од сите членки на Регионалната унија на театри, од Србија, Босна и Херцеговина, од Хрватска, од Словенија.

Годинашниот фестивал освен главната програма ја воведува и програмата
Моно РУТА во која публиката ќе
има можност да проследи четири монодрами. Фестивалска новина годинава е и одржувањето на три театарски работилници.

Најнови вести