Лејди Гага во реклама на јапонскиот синџир продавници „ФемилиМарт“

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Американската пејачка и актерка Лејди Гага се појавува во нова реклама на јапонскиот синџир продавници „ФемилиМарт“, чија цел е привлекување млади работници на пазарот на трудот, каде што владее голема конкуренција, пренесуваат јапонските медиуми.

Во рекламата, познатата пејачка ја презема улогата на продавачка и на јапонски прашува: „ФамиМа де хатараку?“ („Сакаш ли да работиш во ФемилиМарт?“).

Во впечатливата црно-бела реклама, Лејди Гага ги дополнува полиците со шишиња чај, го брише подот и нуди пржено пилешко, облечена во футуристичка комбинација инспирирана од униформите на овој малопродажен синџир.

Најнови вести