Тајван се соочува за моќен тајфун Чампи, кој поминува близу до источниот брег на островот со поројни дождови и налети на ветер до 191 километри на час.
Тајванските власти ги повикаа граѓаните да се држат подалеку од бреговите и планините, а жителите на североисточниот брег се евакуирани.
Стотици летови во Тајван и соседна Јапонија се откажани, засегнати се илјадници патници.
Најмалку едно лице загина во Тајван откако беше однесено од бранови.
Чампи е најновиот во низата интензивни тајфуни, бидејќи Супер Ел Нињо го загрева Тихиот Океан и ги поттикнува бурите.