Се преправаше дека е маж за да тренира, сега испиша историја на Авганистан

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Авганистанската велосипедистка Фариба Хашими освои сребрен медал во друмската трка на Азиските игри во Нагоја, откако била принудена да се преправа дека е маж за да може да тренира во својата татковина.

Хашими до медалот стигна откако патеката долга 90,4 километри ја помина за 2 часа, 50 минути и 5 секунди. Златото го освои Кинезинката Гуо Ли, додека бронзата ѝ припадна на Леунг Винг Ји од Хонг Конг.

23-годишната велосипедистка од изолираната авганистанска провинција Фарјаб, неколку години тренирала во својата татковина преправајќи се дека е маж.

Авганистан го напуштила во 2021 година, кога Талибанците повторно ја презедоа власта, по што се преселила во Италија.

„Ни ја одзедоа слободата, ни одзедоа сè. Овој медал е нешто посебно. Родена сум во земја во која жените кои сонуваат се напаѓани и среќна сум што се борев против тоа. Овој медал може да ја покаже огромната издржливост на авганистанските жени и многу сум среќна. Не сум сама.“

„Знам дека зад мене стојат милиони жени од многу земји кои го имаат истиот сон и се со мене“, изјави Хашими за порталот Олимпик.

Најнови вести