ова било пронајдено во нивниот дом

Маж ја тужи АИ: Чет-ГПТ ѝ помагал на неговата сопруга да испланира како да го убие!

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Маж од Северна Каролина поднел тужба против компанијата „Опен-АИ“ тврдејќи дека „Чет-ГПТ“ ѝ помогнал на сопругата да испланира како да го убие. Според првичните информации објавени од платформата „Unilad“, по преживеаниот обид за труење, Џејмс Гејтс бара одговорност од компанијата и нејзиниот извршен директор Сем Алтман.

Шерил Гејтс, која работела како училишна терапевтка, била обвинета дека во соковите и енергетските пијалаци на сопругот ставала лекови што се издаваат на рецепт, како и отровни растенија, а претходно, наводно се консултирала со ВИ, со цел да создаде смртоносни или комбинации што предизвикаат сериозни здравствени последици.

Во тужбата поднесена до Вишиот суд во округот Сан Франциско, се наведува дека Шерил интензивно го користела четботот за разговори поврзани со незадоволството и проблемите во бракот кои постепено се претвориле во конкретен план за негово убиство.

На почетокот на 2025 година, самиот ѝ предложил да користи ВИ за побрзо да ги пишува извештаите поврзани со нејзината работа, но освен за задачи поврзани со нејзината работа, Шерил почнала да го користи четботот и за прашања поврзани со лекови, барање совети и разговори за брачните проблеми, поврзани со финансиски тешкотии.

Во тужбата се тврди дека „Чет-ГПТ“ не само што одговарал на прашањата, туку и ја охрабрувал за плановите.

Џејмс, за првпат се посомневал откако забележал дека пијалаците имаат необично горчлив вкус, по што, на 10 јули 2025 година, неговата здравствена состојба нагло се влошила – срцеви тегоби, болки во стомакот, силна нервоза, слабост и збунетост.

По ова, тој ги открил вознемирувачките разговори меѓу четботот и неговата сопруга. Дополнителни сомнежи предизвикале и предметите што полицијата ги пронашла при претрес на семејниот дом, како пипети, шприцеви, вага и ракавици.

Истражителите ја провериле и историјата на купување преку „Амазон“ каде што било утврдено дека Шерил нарачувала шприцеви.

Најнови вести