Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд.
Претпладнево во одделни котлини ќе има појава на магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури се движат од 6 степени на Попова Шапка до 14 степени во Битола, додека максималната дневна температура ќе достигне од 12 до 18 степени.
Во изминатите 24 часа, најмногу дожд е регистриран во Лазарополе и на Попова Шапка, а потоа следуваат Пожаране и Охрид.
Утре ќе биде посвежо, со дожд во повеќе делови од земјата.