Мицкоски разочаран од одлуките на Врховен за Ласкарци и Стевчо Јакимовски

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Тоа се мал дел остатоци од минатата влада на СДС и ДУИ и последно место за заштита на таа влада и луѓето коишто беа дел од таа влада. Грчевито се борат, ги амнестираат, таков беше случајот со модуларна болница така и е сега со Ласкарци, вака премиерот Мицкоски ги коментира најновите одлуки на Врховниот суд со кој на слобода излегуваат осудените за несреќата кај Ласкарци и екс градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.

„Имаме 30 жртви многу луѓе коишто имаат траен инвалидитет, но за жал тоа не е доволна причина за да овие малкумина судии и обвинители да застанат на страната на правдата, сепак тие остануваат да бидат верни слуги на тие коишто во минатото ги поставиле и тоа е уште едно разочарување, не само за мене туку и за граѓаните. За жал овие малкумина судии ги контаминираат сите оние чесни судии и обвинители во нашиот правосуден систем, но добро е кога разговарам со моите колеги од ЕУ, еве да ги следат овие примери и да видат кога зборуваме за правосудството со кого имаме работа“. рече шефот на владата.

Правдата мора да победи и ќе победи порача премиерот Мицкоски.

Најнови вести