Железница

Министерството за транспорт бара Обвинителството да постапи по ревизорскиот извештај за Македонски железници

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Ревизорскиот извештај за Македонски железници – Транспорт и Македонски железници – Инфраструктура под лупа.

Министерството за транспорт бара Јавното обвинителство и надлежните институции да постапат по наодите во ревизорските извештаи за работењето на двете јавни претпријатија.

Од Министерството за транспорт обвинуваат дека СДСМ и ДУИ ги уништиле јавните железнички претпријатија во периодот кога со нив раководеле, а во ревизорските извештаи се нотирани клучни проблеми и неправилности кои биле игнорирани од претходните раководства. Меѓудругото се обвинува и дека поради лошото управување, претпријатијата биле доведени на работ на пропаст.

Од Министерството посочуваат дека Државниот завод за ревизија треба по службена должност да ги испрати извештаите до надлежните институции и бараат тие да постапат согласно утврдените наоди.

Ревизијата на двете јавни претпријатија се однесува на работењето до 2024 година и ги опфаќа финансиските извештаи, како и усогласеноста на работењето.

Најнови вести