Дваесет и шестото издание на Неделата на италијанскиот јазик во светот ќе се одржи од 17 октомври до 7 ноември.
Манифестација се одвива годинава на тема „Генијален јазик: осмислуваме, проектираме, создаваме со италијанскиот јазик“.
Амбасадата на Италија во Скопје во соработка со академски институции и локални партнери ќе опфати научни конференции, книжевни и лексикографски настани, филмски проекции, работилници, промоции и информативни средби за можностите за студирање во Италија.
Официјалното отворање на манифестацијата е закажано за 19 октомври во Европската Куќа во Скопје со предавање на тема, „Помеѓу традицијата и иновацијата: студиите по италијанистика во ерата на вештачката интелигенција“.
Во рамки на манифестацијата ќе бидат организирани и повеќе филмски проекции, меѓу кои „Барачи на ангели” на режисерот Леополдо Пескаторе, документарниот филм „Фердинандо Шана – Фотографот на сенката” на Роберто Андо, како и филмот „Речиси милост“, инспириран од животот на нобеловката Грација Деледа.
Дел од програмата се и активности
посветени на италијанската гастрономија, мода и култура, работилница во Струмица, како и презентации на студиските можности и стипендиите што ги нудат италијанските универзитети.