Нереди и судири на демонстрантите и полицијата по пресудите за командантите на ОВК

Свирежи, негодување и тензии. Подржувачите на четворицата осудени команданти на ОВК револтирани од пресудата на судот во Хаг.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Протести и тензии во Хаг и во Приштина по објавувањето на првостепените пресуди за четворицата поранешни високи функционери на ОВК.

По соопштувањето на пресудите, дел од демонстрантите пре судот во Хаг се судрија со полицијата. Чуварите на редот употребија воден топ. Според првичните изврштаии, неколку лица се приведени откако се обиделе да пробијат полицискиот кордон.

Во Приштина, одлуката на судот беше пречекана со свирежи и негодување, а безбедносните сили беа распоредени околу повеќе институции.

Хашим Тачи и тројцата поранешни команданти на ОВК беа прогласени за виновни за незаконско затворање, тортура, сурово постапување и убиства извршени во текот и непосредно по војната во Косово во 1998 и 1999 година.

Хашим Тачи, доби затворска казна од 25 години, Јакуп Красники исто така е осуден на затворска казна во траење од 25 години, Кадри Весељи доби 18 години , а Реџеп Сељими 13 години затворска казна.

Најнови вести