Нови детали за смртта на грчкиот пејач: Лекари се товарат за убиство со евентуална умисла

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Двајца лекари, брачна двојка, во чија ординација почина грчкиот пејач Јоргос Мазонакис, се товарат за убиство со умисла.

Во ординацијата нелегално се вршела неговата медицинската терапија, плазмафереза.

За лекарите кои беа уапсени првично беше покрената постапка за кривичното дело – изложување на опасност со смртен исход, но во текот на истрагата поради утврдени дополнителни докази, обвинението било променето и сега е товарат за убиство со евентуална умисла.

Популарниот Мазонакис починал од срцев удар, а според грчките медиуми, истрагата покажала дека смртта настапила за време на медицинска процедура што била во тек, а не како што првично тврделе лекарите дека воопшто не била започната.

54- годишниот пејач починал околу еден час пред да биде информирана и повикана Брза помош.

Според информациите, лекарите, без соодветните и неопходни средства се обидувале сами да го вратат во живот, наместо да повикаат помош или да го пренесат во болница, а конкретниот апарат за плазмафереза веројатно го регистрирал целиот процес, но и моментот кога срцето престанало да работи.

Брачната двојка лекари, ќе бидат изведени пред јавен обвинител и истражен судија.

На 20 септември, Мазонакис требаше да одржи концерт за одбележување на неговата 33-годишна кариера.

Најнови вести