билтен мвр

Нови случаи на семејно насилство: Сопруги физички и психички малтретирани, три кривични пријави во Берово, Пехчево и Гостивар

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Билтенот на МВР полн со пријави за семејно насилство. Полицијата во текот на вчерашниот ден интервенирала по пријави за физичко и психичко малтретирање во неколку градови во земјава.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.Д.(50) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда”. На 01.11.2026 и на 03.11.2026 во семејниот дом, пријавениот психички и физички ја нападнал неговата сопруга.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.К.(50) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука”. На 30.10.2026, пријавениот постапил спротивно на Решението за заштита од семејно насилство од Основен суд Берово, односно отишол во домот, агресивно се однесувал и ја вознемирувал неговата 47-годишна сопруга.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.П.(42) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 05.11.2026 во гостивар, пријавениот физички ја нападнал неговата 38-годишна сопруга од Гостивар и ѝ нанел повреди.

Најнови вести