Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија на седницата одржана на ден 09.09.2026 година, одлучуваше по предметот КВП2-86/25 (во јавноста познат како предметот за автобуската несреќа кај селото Ласкарци).
„Со донесената пресуда во предметот КВП2-86/25, барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените преку нивните бранители се уважуваат, пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-979/24 од 17.04.2025 година се укинува и предметот се враќа на повторно постапување и одлучување“, соопштија од Врховниот суд.