Ова треба да го знате ако одите во Рим: Прогласена e „црвена зона“ околу Колосеумот

Мерката е воведна со цел зголемена безбедност на жителите и бројните туристи.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Се засилуваат безбедносните мерки околу Колосеум и други знаменитости во Рим поради пораст на криминал. Областа околу Колосеумот е прогласена за „црвена зона“ во која ќе биде засилено присуство на полицијата и на војската.

Мерката е воведна од страна на властите, со цел зголемена безбедност на жителите и бројните туристи. Според одлуката на властите во Рим, „црвена зона“ ќе остане на сила до 24 декември. Одлуката е донесена по низа инциденти околу Колосеумот.

Римските власти велат дека станува збор за пораст на криминал во таа област, а проблемите ги поврзуваат со казнени дел против имот, трговија со дрога и нарушување на јавниот ред.

Во „црвената зона полициските сили ќе бидат присутни цел ден како и дополнително ангажирани војници. Италијанската војска веќе обезбедува најпосетените туристички локации во државата користејќи бариери и привремени контролни пунктови. И покрај досегашните мерки, туристите и понатаму пријавуваат случаи на кражби.

Најнови вести