Папата Лав XIV во четиридневна посета на Франција, чиј главен настан ќе биде големата миса во центарот на Париз, на која се очекува да присуствуваат повеќе од половина милион верници.
Папата ќе биде пречекан од претседателот Емануел Макрон, со кого ќе разговара за геополитичките прашања и вештачката интелигенција. Во Париз ќе се сретне и со мигранти, а со околу 80.000 млади луѓе ќе се сретне на „Стад де Франс“.
Интересен детаљ е што Лав XIV, роден во Чикаго како Роберт Превост, има француско потекло по таткова линија – неговата баба била родена во Нормандија во 1894 година.