Продолжен притворот на сопственикот на „Пулс“- Кривичен со најнови детали

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Дејан Јованов, првообвинет во судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, може да остане во притвор најдоцна до 3 октомври годинава. По истекот на тој рок, судот по службена должност ќе му определи дополнителни мерки со кои треба да се обезбеди неговото присуство во понатамошната постапка, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Репер ви го пренесува интегралниот текст од Основен кривичен суд Скопје.

„Мерката притвор, определена против прво-обвинетиот Дејан Јованов, од страна на кривичниот совет е продолжена до 03.10.2026 година, имајќи предвид дека Обвинителниот акт е оценет на 03.10.2025 година и согласно Законските одредби мерката притвор може да трае до најмногу една година од оцената на актот.

Со цел да се обезбеди непречено присуство во понатамошниот дел од судската постапка, Судот, согласно досегашната пракса, по службена должност, по истекот на Законскиот рок за мерката притвор, определува дополнителни мерки за претпазливост и обезбедување на обвинетиот .

Што се однесува до останатите обвинети во моментов активна мерка куќен притвор имаат обвинетите Јане Јанчевски и Ивица Гроздановски, со тоа што кај обвинетиот Јане Јанчевски минатиот месец е прифатен предлогот за укинување на мерката куќен притвор со определување гаранција од над 33.000 евра во недвижен имот, кој е во фаза на впишување под хипотека, по што истиот ќе биде пуштен од куќен притвор, но со определени дополнителни мерки за претпазливост.
Во однос на другите обвинети за кои претходно беше определена мерка куќен притвор, за обвинетите Митко Стојанов, Мартин Ѓорѓиев и Стојанчо Димитриев, мерките куќен притворот им се заменети со мерки за претпазливост и тоа на 12.06.2026 година за Стојанов, 17.07.2026 за Ѓорѓиев и 12.06.2026 година за Димитриев, но по вложена жалба решенијата се доставени на надлежно постапување во Апелациониот суд. Потребно е да се напомене дека жалбата не го спречува извршувањето.

Додека за прифатените гаранции, мерките куќен притвор определени против Тодор Јованов, е укината со определена гаранција од 319154 евра во недвижен имот додека за обвинетиот Беким Хаџиу гаранција од 849.602 евра исто така во недвижен имот.

За сите обвинети кои им е укината мерката куќен притвор, судот им определи мерки на претпазливост кои истите, ги почитуваат и редовно се јавуваат на насрочените судски рочишта за што сте и самите сведоци како медиуми кои го следат судскиот процес.“

Најнови вести