Интегративците соопштија дека во Тетово се одржала средба претседателот на ДУИ, Али Ахмети, и претседателот на Алијанса за албанците Арбен Таравари.
На состанокот се разговарало за координација на заедничките активности и ангажмани за предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.
Двајцата претседатели ќе разговараат и за организирањето на активностите на терен и за заедничкиот ангажман на структурите на коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ) во поддршка на кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница, Аркин Јахији.
На средбата ќе бидат утврдени и понатамошните чекори за заедничкиот ангажман во пресрет на изборниот процес во Брвеница, соопштија од ДУИ.