Поразениот претседателски кандидат Флавио Болсонаро откако избега од Бразил со семејството отпатува во Еквадор, им помогнал Трамп

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Бразилскиот сенатор и поразен претседателски кандидат Флавио Болсонаро отпатувал со семејството од Аргентина во еквадорскиот град Гвајакил, откако го напуштил Бразил по поразот на изборите, соопштија денеска аргентинските власти.

Националната дирекција за миграции на Аргентина објави на платформата Икс дека Флавио Нантес Болсонаро, Фернанда Антунес Фигеира Болсонаро, Каролина Фигеира Болсонаро и Луиза Фигеира Болсонаро влегле во земјата синоќа во 22:50 часот, преку меѓународниот мост Танкредо Невес, во провинцијата Мисионес.

Тие влегле во земјата со важечки патни документи и без законски пречки, а преминувањето на границата било регистрирано без инциденти.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска изјави дека го одобрува доаѓањето на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро во САД, откако тој го напуштил Бразил по поразот на претседателските избори во неделата.

„Би го одобрил тоа. Мислам дека тие се добри луѓе. Изборите беа многу чудни и мислам дека беа ужасни. Добија лоши оценки. Погледнете што се случи со нивниот пазар“, изјави Трамп на прес-конференција, пренесува Ројтерс.

Агенцијата во вторникот објави дека американскиот Стејт департмент ќе одобри визи за влез во САД за Болсонаро и неговото семејство, повикувајќи се на висок функционер на американската администрација.

Медиумите вчера објавија дека Болсонаро, по изборниот пораз, го напуштил Бразил и се упатил кон САД.

Ројтерс пренесе дека неименуван американски функционер потврдил дека Болсонаро се наоѓал на лет кон САД.

Актуелниот претседател на Бразил, Луиз Инасио Лула да Силва, победил во вториот круг од изборите во неделата со 51,8 отсто од гласовите, додека Болсонаро освоил 48,2 отсто.

Најнови вести