Известување

Заврши сезоната за спортски риболов во Националниот парк „Маврово”

Целта е зачувување на рибниот фонд, заштита на водните екосистеми и одржување на природната рамнотежа.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Од денеска стапува во сила забраната за спортски риболов на сите води во Националниот парк „Маврово“. Мерката се воведува со цел да се заштити рибниот фонд и да се овозможи непречено одвивање на природниот процес на мрестење.

Забраната ги опфаќа Мавровското Езеро, реката Радика и останатите водотеци во рамките на заштитеното подрачје.

Риболовците ќе мора да ја почитуваат забраната до 31 јануари 2027 година, а новата сезона ќе почне на први февруари, соопшти управата на паркот.

Крајот на сезоната е непосредно по активностите за порибување на Мавровското Езеро. Во рамките на годишниот план, во езерото биле пуштени 200 килограми пастрмка и 200 килограми крап, а дополнително било извршено порибување со речна пастрмка.

Пастрмката во октомври беше исклучена од дозволениот спортски риболов поради периодот на природен мрест.

За крапот претходно беше воведена посебна забрана за риболов до 31 декември 2026 година.

На реката Радика и нејзините притоки редовната сезона заврши порано, на 30 септември.

Против секое лице кое ќе биде затекнато како лови риба за време на забраната ќе биде поднесена прекршочна пријава согласно со Законот за рибарство и аквакултура.

Најнови вести