Единствените луѓе на кои не им е потребен пасош за патување во друга држава се јапонскиот цар Нарухито, царицата Масако и британскиот крал Чарлс трети.
Наместо пасош, кралот добива посебен документ, барање до надлежните власти на странските земји да му овозможи непречено минување, како и да добие обезбедување и помош, привилегија достапна само за него.
За јапонскиот цар Нарухито и царицата Масако, уредбата е донесена од јапонската Влада уште во 1971 година, со образложение дека би било несоодветно да ја имаат истата процедура како и останатите патници, па наместо пасоши поседуваат соодветен документ издаден од Министерството за надворешни работи на Јапонија. Исклучокот важи само за нив, додека пак другите членови мора да користат обични пасоши.
Од тоа правило е исклучен дури и папата кој мора да користи вообичаена патна исправа издадена од државата Ватикан или од земјата на која е државјанин.