Студентите се огласија преку официјалниот профил на Фејсбук, откако имаше упад во српски информер и уште неколку институции.
-Ги разбираме среќата, емоциите и потребата, по сè што поминавме, конечно да се прослави победата. Но, сега е важно да останеме достоинствени и одговорни.
Не поддржуваме упади во медиуми и институции, ниту повикуваме на такво нешто. Медиумите ќе ги ослободуваме во Собранието, преку институционална борба за слобода и професионално новинарство.
Ги молиме сите граѓани вечерва, по завршувањето на прославата на Славија, мирно да се разотидат и да се упатат кон своите домови.
Победата ја извојувавме заедно, да го зачуваме нејзиното достоинство!, порачаа студентите.