Откако му се заканувале на главниот и одговорен уредник Драган Ј. Вучиќевиќ и на вработените, а за време на турканицата направиле неред во редакцијата, Вучиќевиќ и другите новинари кои биле во студиото биле извлечени од редакцијата.
Од него бараат да му се извини, како што рекле, на слободниот српски народ.
Кога упаднале во просториите, тие му се внесувале в лице на Вучиќевиќ и на другите вработени, вербално ги напаѓале, ги навредувале и плукале, а се обиделе и физички да ги нападнат. Им се заканувале и со кибритчиња.
По низата навреди, скандирале „Врати му ја главата на коњот, Драгане“, а во неколку наврати ги покривале камерите со знаме за да не се гледа што се случува внатре, објави Танјуг.
View this post on Instagram