Во заедничка организација на
Парламентарното собрание на НАТО и НАТО, во Брисел вчера за првпат се одржа
парламентарен состанок со Северноатлантскиот совет на HATO/NAC,
на кој беа поканети шефовите на
делегациите во ПС НАТО и претседателите
на националните комисии за одбрана.
На состанокот учествуваше и македонската собраниска делегација, во чиј состав биле пратениците Драган Ковачки, шеф на делегацијата на Собранието во ПС НАТО и Павле Арсоски, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност.
Состанокот ја нагласува суштинската улога што ја играат сојузничките парламенти во рамките на Алијансата во спроведувањето на клучните цели договорени на Самитот на НАТО во Хаг во 2025 година и на Самитот на НАТО во Анкара во 2026 година – информираат од македонското Собрание.