Локални избори - Брвеница

ДИК: Денеска гласаат болните и немоќните и лица кои издржуваат казна затвор

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

107 болни или немоќни лица може да гласаат на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница што почна денеска во седум часот, информираат од Државната изборна комисија.

Правото на глас може да го остварат и 9 лица кои се на издржување казна затвор можат, а гласањето на овие лица се спроведува во три казнено поправни установи во градовите Скопје, Штип и Тетово.

Вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на Брвеница ќе го набљудуваат вкупно 61 акредитиран набљудувач од кои 56 домашни и петтмина меѓународни, прецизираат од Државната изборна комисија. Во трка се двајца кандидати.

Најнови вести