Граѓани чекаат ред за повлекување пари пред главната експозитура на Алта банка во Битола. На снимките кои утрово ги направи екипата на 4news.mk се гледаат луѓе собрани пред влезот и на скалите на експозитурата.
Редица граѓани и во Нови Сад- утринава чeкаат пред филијала на „Алта банка” да си ги повлечат парите, откако Народна банка на Србија објави дека и ја оддзема дозволата на банката и таа оди во стечај.
Во контекст на најновите случувања поврзани со АЛТА банка во Република Србија, АЛТА банка АД Битола ја информираше јавноста дека Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Северна Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива и е под непосредна супервизија на Народната банка на Република Северна Македонија.