На 85-годишна возраст почина легендарниот хрватски пејач Мате Мишо Ковач.
Неговиот препознатлив вокал, емотивните настапи и врската со публиката, во текот на неговата кариера го направија еден од најпопуларните пејачи во регионот.
Песните како „Остала си увијек иста“, „Пољуби земљу“, „Ако ме оставиш“, „Сви плевају, ја не чујем“ и бројни други станаа дел од хрватското музичко наследство.
Пет пати бил прогласен за пејач на годината, а во 1989 година и за личност на годината во Југославија.
Во 2012 година ја добил наградата „Порин” за животно дело, како признание за неговиот долгогодишен придонес во музиката.