Енергенси

СТУДЕН ТУШ ЗА ЕУ: Не се можни плановите да се испорачува гас за Европа преку Украина

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Плановите за враќање на испораките на руски гас за Европа преку Украина во моментов се невозможни, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Во врска со информациите претходно објавени од ,,Волстрит журнал” дека неименувани претставници изјавиле дека САД наводно бараат обновување на испораките на руски гас за Европа преку Украина, Песков рече дека малку е веројатно дека за тоа се уште може да се разговара. Според Русија во моментов ситуацијата на теренот покажува невозможност за спроведување на вакви планови

Планот објавен во медиумите предвидува Русија повторно да продава природен гас преку американски посредник за да на некој начин се заобиколат европските ограничувања. Од тоа корист би имала и Украина преку наплата на транзитни такси.

Договорот меѓу Русија и Украина за директен транзит на гас низ украинска територија официјално истече на први јануари 2025 година. Европската Унија остро се противи на враќањето на рускиот гас, со став дека забраните за испорака на руски енергенси треба да останат трајни.

Најнови вести