Повеќе од 54,7 милиони Американци веќе гласале однапред на изборите за Конгресот, покажуваат податоци на Универзитетот во Флорида. Во многу држави, каде што се води најнеизвесната битка, бројот на рано гласање веќе го надмина нивото забележано на изборите пред четири години.
Демократските кандидати водат во шест од седумте клучни држави, вклучително и во традиционалните републикански упоришта, Тексас и Канзас.
Најновите анкети на „Њујорк тајмс” и колеџот „Сиена” покажуваат значителна промена во корист на демократите во битката за контрола врз Сенатот.
Речиси 210 милиони Американци имаат право да гласаат на изборите закажани за утре. Среднорочните избори традиционално се одржуваат на половина од мандатот на актуелниот претседател на САД, а се избираат членови на Конгресот, кој се состои од два дома – Претставничкиот дом и Сенатот.
Гласањето се смета и за индикатор за проценката на Американците за администрацијата на Доналд Трамп досега.
Економијатa, високите цени на горивото, храната, домувањето и здравствената заштита, војната со Иран, царинските политики беа во фокусот на предизборните собири.