(ВИДЕО ИЗЈАВА) Премиерот Мицкоски оствари средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Премиерот Христијан Мицкоски оствари бизнис средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои се присутни во Македонија.

На состаноците било разговарано за можностите за нови инвестиции, проширување на економската соработка и отворање нови, високоплатени работни места во Македонија.

,,Ги претставивме потенцијалите на македонскиот ИКТ-сектор, зелената енергија од обновливи извори, здравството, јавната безбедност, развојот на инфраструктурата и можностите за дигитална трансформација на индустријата. Владата останува посветена на создавање стабилна, предвидлива и конкурентна деловна клима. Нашата цел е германските компании да ја препознаат Македонија како доверлив партнер за долгорочни инвестиции, трансфер на технологии и развој на висококвалификуван кадар”,
објави претседателот на владата Мицкоски.

Претходно во Бон, премиерот Мицкоски оствари средба со директорот на Дојче Телеком како и со претставници на Германската стопанска комора и германски компании кои веќе инвестираат во Македонија за можни дополнителни инвестиици во Македонија.

,,Со раководството на Дојче Телеком разговаравме за можностите за дополнителни инвестиции во македонскиот телекомуникациски сектор, но и во други области како здравството, паметните технологии и индустриите со висока додадена вредност. На средбите со германските стопанственици ги разгледавме досегашните искуства, можностите за проширување на постојните инвестиции и зголемување на производствените капацитети, со цел отворање нови можности за економски раст и зголемување на бруто-домашниот производ”, објави премиерот Мицкоски.

Најнови вести