Притисоците се дел од обвинителската професија, но отпорноста и личниот интегритет се клучни за независно работење, порача новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Искра Хаџи Василева.
Обвинителката вели дека очекува колегите обвинители да постават јасна граница и да не дозволат надворешни влијанија и притисоци да ги диктираат нивните одлуки.
Хаџи Василева вечи дека комуникацијата меѓу институциите е нормална и потребна, но, интервенциите во обвинителските постапки се неприфатливи.
„Органите, институциите државни не е ништо спорно да соработуваат и тоа веројатно е дел од исто така нешто што е природно, логично и разумно и се случува секаде. Ако мислите на некакви интервенции или ургенции, тоа е веќе друго прашање и се разбира дека ние сме според уставот самостојни и одлучуваме врз основа на право, факти и докази“, изјави Искра Хаџи Василева – обвинителка во ОЈО ГОКК.
Новата раководителка на ОЈО ГОКК функцијата формално ќе ја преземе по завршувањето на законските процедури, во наредните две недели.