Според најновите податоци на Евростат, обемот на продажбата во еврозоната се намалил за 0,7 проценти во однос на месец август, додека во целата Европска Унија падот изнесувал 0,6 насто.
Европските потрошувачи најмногу ги намалиле купувањата на непрехранбени производи, чија продажба во еврозоната опаднала за 1,2 проценти. Продажбата на храна, пијалаци и тутун се намалила за 0,3 проценти, додека кај горивата е забележан раст од еден процент.
Малопродажбата во Европската Унија во септември бележи пад по растот во претходниот месец, а најизразено намалување е регистрирано во Германија, каде што малопродажбата паднала за два процента за само еден месец.
Намалување е забележано во Романија за 1,3 проценти, Португалија за 0,9 и Франција за 0,6 насто. За споредба, во август продажбата во ЕУ пораснала за 0,4 проценти.