Повторно избувнаа тензии меѓу демонстрантите и полициските сили во близина на Министерството за образование во Тирана. Пред неколку часа почнаа нови протести. Студентите не се откажуваат од своите барања и оставка да поднесе премиерот Еди Рама.
Пред само неколку минути, како што објавува Еуроњус Албанија, маскирани демонстранти фрлале камења кон полициските сили, додека полицијата ги повикала да не учествуваат во насилни дејствија и да се повлечат.
Полицијата употребила спреј во обид да ги растера демонстрантите, а кон нив била насочена и вода од водени топови. Во меѓувреме, неколку млади лица ги запалиле кантите за отпадоци, а потоа ги поставиле пред полициските сили и водените топови.