Престижниот пијанист доаѓа во Скопје: Финалистот на „Шопен“ ќе ја маѓепса публиката со Рахмањинов во Филхармонија

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Македонската филхармонија со гордост го најавува гостувањето на извонредниот Давид Хрикули – еден од највозбудливите пијанисти од помладата генерација!

Финалист на престижниот пијанистички натпревар „Шопен“ во Варшава во 2025 година, добитник на бројни меѓународни признанија и уметник чиј талент и виртуозност ги освојуваат светски концертни сцени.

На програмата е едно од омилените дела во пијанистичкиот репертоар – грандиозниот Концерт за пијано и оркестар бр. 2 од Сергеј Рахмањинов.

Давид Хрикули и Рахмањинов – музичка средба што не се пропушта, на 12 ноември

Билети: https://filharmonijaonline.mk/index.php?id=764

Најнови вести