Републиканскиот конгресмен од Кентаки, Томас Меси, поднесе осум точки за импичмент на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет. Се очекува оваа недела да биде покренато гласање во Претставничкиот дом.
Демократските конгресмени од Претставничкиот дом иницираат импичмент поради постапките на Хегсет во врска со војната во Иран и американските воени операции во други земји, меѓу кои и ликвидацијата на наводни крумчари на дрога во Карибите и источниот Пацифик, за што, според мислењето на меѓународни експерти, не постои правна основа.
Американскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана на министерот за одбрана Пит Хегсет и за барањето за разрешување. Трамп го нарече Маси „губитник кој не треба да го троши времето на Конгресот, Сенатот или на било кого”.