Европа

Иран негира дека ги нападнале фрижидерите во маркетите во Европа

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Иран ги отфрли обвинувањата за хакерски напади на фрижидери во 700 француски маркети. Иранското Министерство за надворешни работи објави дека тврдењата на Франција се неосновани и пристрасни и објави дека најостро ја осудува „истрошената политика на Париз за обвинување против Техеран.

Прерходно, францускиот министер за дигитална транзиција Жан-Ноел Баро изјави дека Корпусот на гардата на Исламската револуција на Иран е одговорен за кибер нападите врз неколку трговски ланци изминатиот месец.

Амбасадорот на Иран во Франција беше повикан во Министерството за надворешни работи во Париз откако француските обвинители објавија дека отвораат истрага за хакирање.

Според француските истражители, нападите ги извршила иранската сајбер единица Шахид Каве, која е поврзана со Револуционерната гарда. Париското обвинителство соопшти дека истрагата ќе се фокусира на шефот на тоа одделение.

Најнови вести